РК Струга подобра од Металург 2 во баражот за Суперлигата

РК Струга подобра од Металург 2 во баражот за Суперлигата

Со победа од 32-24, РК Струга обезбеди место во елитното ракометно друштво за наредната натпреварувачка сезона. На бараж натпреварот што денеска се одигра на неутрален терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци, стружани водеа против Металург 2 во најголемиот дел од 60-те минути и заслужено стигнаа до победата која по пауза од 15 години ги враќа во Суперлигата.

Во текот на првото полувреме резултатот во неколку наврати беше изедначен, сепак Струга беше таа која го диктираше темпото. На полувреме се замина со резултат 14-11, а во второто полувреме стружани не дозволија во ниту еден момент Металург 2 посериозно да се доближи, за во последните 10 минути од средбата дополнително да се зголеми разликата за конечни 32-24.

Младеновиќ со 6 голови беше најпрецизен во победничкиот тим, а 5 голови додаде Смилевски. Кај Металург 2, Тренчевски беше реализатор на 10 погодоци, Башевски постигна 7, а Кузманоски 6.

(Записник од натпреварот)

Со овој натпревар се стави точка на сезоната во сите домашни натпреварувања. Металург 2 следната година ќе се натпреварува во Првата лига, додека во Суперлигата покрај Струга, порано пласман обезбеди и Бутел.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00