РФМ изрази подготвеност за организација на Олимписката квалификациска група

РФМ изрази подготвеност за организација на Олимписката квалификациска група

Ракометната Федерација на Македонија денеска испрати писмо со намера до Европската и Светската ракометна федерација, претставувајќи ја подготвеноста на нашата земја за организација на квалификациската група за Олимписките игри во Рио 2016.

На ИХФ Конгресот што во ноември се одржа во Сочи, при состанокот на земјите членки на Европската ракометна федерација, Претседателот на ЕХФ – Жан Бријо и Потпретседателот на ЕХФ – Арне Олафсон им посочија на земјите кои се во конкуренција за учество на квалификациските турнири, да ја изразат својата намера во писмена форма за организација на еден од тие турнири.

По завршувањето на Азиското Првенство на кое Катар ја освои шампионската титула, само уште еден филтер преостанува пред Македонија да обезбеди учество во една од трите квалификациски групи за Олимписките Игри 2016. Тој филтер се однесува на Европското Првенство во Полска во јануари, каде доколку титулата ја освои Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска или Германија, тогаш Македонија поради пласманот на СП во Катар ќе обезбеди место на квалификацискиот турнир за ОИ.

Letter of Intention RIO 2016

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести