Распродадени сите влезници за Македонија – Исланд

Распродадени сите влезници за Македонија – Исланд

Трибините на ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот Македонија – Исланд. На еден ден пред почетокот на натпреварот, продадени се сите влезници во салата.

Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, ги замолуваме фанови на репрезентацијата кои успеаја да обезбедат влезници за натпреварот, да дојдат порано во ВИП Арена „Борис Трајковски“, за уредно да го најдат своето место за седење. Утре, на денот на натпреварот, вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот.

Почетокот на натпреварот од Квалификациите за ЕП 2018 помеѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен