Раководството на РФМ на средба со кадетската репрезентација за претстојниот ракометен Мундијал

Раководството на РФМ на средба со кадетската репрезентација за претстојниот ракометен Мундијал

Претседателот Мукаетов и Генералниот Секретар Милошевски на денешниот тренинг (28.07.2022 год.) во спортската сала Автокоманда ги посетија кадетките кои се на припреми за претстојниот ракометен Мундијал кој ќе се одржува во Скопје од 30.07 до 11.08.2022 година.

Кадетската репрезентација и Селекторот Савевски после припремната етапа која ја одработи во Маврово, последните тренинзи во пресрет на Мундијалот ги одработува во Скопје , а Претседателот Мукаетов ги поздрави, изрази поддршка и им посака успех во натпреварувачкиот период на Мундијалот.

Кадетскиот ракометен Мундијал во женска конкуренција (U18) кој ќе се одржува во Скопје е прв од натпреварувачки формат со 32 учесници, претходниот кој беше предвиден беше откажан во 2020-та година во Р. Хрватска поради пандемијата. Mакедонска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Сенегал,Иран и Узбекистан и ќе настапува во СЦ „ Борис Трајковски“ , влезот е слободен и со следниот распоред :

МKD – SEN ,30.07.2022 год. (20:30 ч.)
MKD – UZB ,31.07.2022 год. (20:30 ч.)
MKD – IRN , 02.08.2022 год. (20:30 ч.)

Со почит ,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на