Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шведска во првиот натпревар на СП 2021 во Египет. Македонскиот тим беше рамнправен во првите дваесет минути од натпреварот. При резултат 9-9 имавме и напад за водство, но потоа влеговме во лош период во кој Шведска стигна до 5 гола предност.
Во второто полувреме Шведска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше, па селекторот на Македонија, Данило Брестовац, шанса им даде на сите ракометари да играат. Долго време резулатот, односно негативата беше едноцифрена, но во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 32-20 за Шведска.
Најефикасни ракометари во Македонската репрезентација беа Кирил Лазаров со пет гола, а по два постигнаа Стојанче Стоилов, Марио Танкоски, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Мартин Поповски. За селекцијата на Шведска најефикасен ракометар беше Ване со единаесет, и Персон со шест погодоци.
Следниот натпревар на репрезентацијата на Македонија е в сабота од 18:00 часот против репрезентацијата на Египет.