Пораз на сениорките и во вториот бараж меч за СП со Шведска

Пораз на сениорките и во вториот бараж меч за СП со Шведска

Македонската женска сениорска репрезентација загуби и на втората средба од бараж двомечот со Шведска за пласман на СП 2017. На натпреварот во Иштад во Шведска, фаворизираниот домаќин го потврди квалитетот и стигна до триумф од 46-27.

Само почетните неколку минути од средбата донесоа изедначен резултат, но веќе до крајот на првото полувреме Шведска со доминантна игра постигна дури 26 голови што беа доволни за високи 15 голови разлика на паузата. Во второто полувреме, Швеѓанките дополнително ја зголемија разликата за конечен висок триумф од 46-27, во ревашот од баражот за СП. За потсетување, на првата средба што се играше во Скопје во саботата, Шведска славеше со 31-20.

Со овој резултат, Шведска обезбеди учество на СП 2017 што ќе се игра во Германија во декември, а за нашата репрезентација следен е настапот на квалификациите за ЕП 2018 во Франција, каде повторно сме во група со Шведска. Покрај со Шведска, во квалификациите ќе играме и против Србија и Фарски Острови.

На натпреварот во Иштад, најефикасни во нашиот тим беа Мирјета Бајрамоска и Сара Ристовска со по 6 постигнати голови, додека Гакидова и Душица Ѓорѓијевска постигнаа по 4 гола. Во листата на стрелци се запишаа и Елена Ѓорѓијевска, Ливриниќ, Јовановска, Нолевска и Саздовска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување 

Почитувани , Ве информираме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член