Почнува меѓународниот турнир во Бугојно

Почнува меѓународниот турнир во Бугојно

Македонската машка репрезентација до 18 години, утрово од 09:00 со натпревар против Хрватска го отвора силниот меѓународен турнир во Бугојно, Босна и Херцеговина.

Нашите ракометари во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Бугојно, а синоќа одработија и тренинг во салата каде ќе се играат натпреварите, како последна подготовка пред стартот.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ

На турнирот ќе настапат вкупно осум репрезентации, а Македонија е во група со Хрватска, Полска и Катар. Покрај средбата против Хрватска, Македонија денеска ќе одигра и уште еден натпревар од групната фаза – против Катар од 19:15 часот.

За утре е закажан дуелот против Полска (12:30), по што во зависност од пласманот во групата, во втората фаза од турнирот во сабота и недела ќе се разигрува за конечен пласман.

cbfde047ac53328fefa59a9427a90e311bfd91f60bdefdf58cd8076f74487584_full_resize

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести