Почнa продажбата на влезниците за Македонија – Романија

Почнa продажбата на влезниците за Македонија – Романија

Македонската машка ракометна репрезентација во недела (10.06.2018), со почеток од 20:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра првиот натпревар од Баражот за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Продажбата на влезници за натпреварот почнa денес (сабота, 02.06.2018), на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

[Продажна мрежа – МК Тикетс]
[Резервација на влезници – online]

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското Првенство што ќе се игра во Данска и Германија во јануари 2019 година.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести