Победнички почеток на машките екипи на турнирот во Брашов. Девојките стартуваат попладнево

Победнички почеток на машките екипи на турнирот во Брашов. Девојките стартуваат попладнево

Две машки екипи од Националната Спортска Академија, до 18 и до 16 години, денеска со победи го отворија настапот на меѓународниот турнир во Брашов. Селекцијата до 18 години оствари триумф над Пјатра Неамт од 27-20, додека селекцијата до 16 години славеше над Маи Плоешти со 18-16.

Инаку денеска во текот на целиот ден нашите вкупно седум селекции (4 во машка и 3 во женска конкуренција) ќе играат натпревари, а дел од нив уште во првиот ден имаат закажано по две средби. Женските селекции своите први натпревари ќе ги играат попладнево од 14:30 часот по локално време.

„Ова се многу значајни натпревари за овие млади момци и девојки. Меѓународното искуство секако дека има големо значење за развојот на нивните кариери, а на вакви натпревари со нови противници можеме и ние подобро да увидиме како напредуваме и на што во иднина повеќе да се фокусираме. Забележувам уште на почетокот голема мотивација кај целата група. Наша цел е да одиграме максимално пожртвувано на сите средби и во што подобро светло да ја претставиме нашата земја“, вели Љупчо Станковски, менторот на Академијата.

Меѓународниот турнир во Брашов, на кој учествуваат вкупно 40 екипи, трае до недела.

DSC_0035

 

DSC_0043

 

DSC_0054

 

DSC_0041

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации