Победа против Турција за пласман на ЕП 2020

Победа против Турција за пласман на ЕП 2020

Сениорската машка репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Турција со резултат 25-26 и е на првото место во групата во квалификациите за ЕП 2020

Турција се покажа како тврд орев, имаше во одредени периоди Македонија имаше водство и од четири гола разлика, но на крајот поголемото искуство и индивидуален квалитет на Македонија беше пресуден. Почетокот на натпреварот покажа дека ова ќе биде меч во кој нема да видме динамична игра и многу голови. Двата тима имаа мака за да дојдат до позиција до шут, по што по девет минути игра Турција водеше 3-2.

Потоа профункционира одбраната на Македонија. Добрата игра во дефанзивната зона ни донесе неколку шанси за контра напад и лесен гол и пет минути подоцна Македонија водеше 7-3. Македонија го контролираше резултатот се до 22 минута во која водеше 10-7. Наместо мирен финиш, следеше период од осум минути во кои постигнавме само еден гол, а примивме шест и на полувреме беше 13-11 за Турција.

Точно десет минути во второто полувреме се играше гол за гол, по што Турција од 40 до 43 минута постигна три гола по ред и повреде со 19-15, па селекторот на Македонија, Данило Брестовац, побара тајм аут.

По тајм аутот на Брестовац следеше серија од 3-0 за Македонија со која се вративме на минус еден (18-19) пред селекторот на Турција да побара тајм аут. Македонија до израмнување стигна во 49 минута (21-21), а по неколку пропуштени шанси во 52 минута се вративме во водство (22-21).

Потоа се играше гол за гол со тоа што ние диктиравме резултат. Во последната минута, Македонија водеше 26-25 и имавме напад на 45 секунди до крајот. Тоа беше еден од најбезизејните напади што го имавме одиграно и заврши со шут на Лазаров од пасивна игра од 15 метри. По ова на Турција и останаа 23 секунди за последен напад, не се снајдоа и тие и и остана само удар од девет метри. Тоа беше опасно изведен удар од Дорук Пеливан што Митревски за среќа го одбрани и стана херој на македонскиот тим.

Кирил Лазаров со седум гола беше најефикасен, шест гола постигна Талески, по четири Георгеивски и Маџовски, три гола постигна Кузмановски, по еднаш прецизни беа Стоилов, Пешевски и Димитриоски, додека за селекцијата на Турција најефикасен ракометар беше Дорук Пеливан со 10 погодоци, потоа Бицер Гокер со 5 погодоци.

Следен натпревар на Македонија е против репрезентацијата на Грција, натпреварот ќе се одигра во салата Парк во Струмица со почеток во 18:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести