Младинците со пресврт го совладаа Катар во Доха

Младинците со пресврт го совладаа Катар во Доха

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) го совлада Катар со 25-24 во првата од двете подготвителни средби за Светското Првенство што во втората половина на јули ќе се игра во Алжир.

Избраниците на Иле Темелковски иако на полувреме заминаа со негатива од три гола (16-13), со одлична одбрана во второто полувреме успеаја да направат пресврт и да слават со конечни 25-24 на гостински терен во Доха.

Димитар Димитриоски со 7 погодоци го заврши натпреварот како најпрецизен во нашиот тим, а особено впечатлив настап имаа и Талески, Кузмановски, Нелоски и Велковски. Горан Крстевски од седмерец го реализираше последниот гол на мечот што и донесе победа на Македонија, а одличен меч имаше и Никола Даниловски на голот на нашата репрезентација.

Конечен резултат:
Катар – Македонија 24-25 (13-16)
Стрелци за Македонија: Димитриоски 7, Велковски 4, Талески 3, Нелоски 3, Кузмановски 3, Крстевски 2, Шилегов 1, Јагуриновски 1, Палевски 1

Утре во Доха на програмата е и втората подготвителна средба помеѓу овие две репрезентации, која за нашите ракометари ќе претставува последен тест пред СП во Алжир. Првенството почнува на 18 јули.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести