Младинците се подготвуваат за СП во Алжир

Младинците се подготвуваат за СП во Алжир

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) од 28 јуни е во Маврово каде ги почна подготовките за настап на Светското Првенство што во втората половина на јули ќе се игра во Алжир.

Селекторот Иле Темелковски веќе ги собра ракометарите во првата половина на јуни во Скопје како прва фаза од подготовките, а за овој втор дел од подготовките што ќе трае до 6 јули во Маврово, повика 19 ракометари.

Според планот на подготовки, нашата Младинска репрезентација по враќањето од Маврово ќе замине за Доха каде на 11 и 12 јули ќе одигра две пријателски средби со соодветната репрезентација на Катар, како последна подготовка пред настапот на Светското Првенство. Заминувањето за Алжир е предвидено за 16 јули, а Првенството почнува на 18 јули 2017 година.

Младинската машка репрезентација на Македонија по успешно минатите Квалификации за СП каде беше во група со Полска, Португалија и Турција, обезбеди пласман на Мундијалот, каде ќе настапи во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести