Младинците поразени од Франција во четвртфиналето на СП

Младинците поразени од Франција во четвртфиналето на СП

Машката младинска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на Светското Првенство, откако денеска во четвртфиналето доживеа пораз од Франција со 33-17.

Нашите ракометари добро го почнаа натпреварот и иако Франција постојано се наоѓаше во водство, Македонија беше рамноправен противник во текот на целото прво полувреме. Мартин Томовски беше расположен на голот на нашата репрезентација, а Милан Лазаревски играше одлично во нападот, заедно со Филип Талески кој во тоа прво полувреме постигна 4 голови. Македонија играше добра одбрана, а Франција имаше водство од 7-6 во 20-та минута од средбата, кога следуваа неколку врзани грешки во напад за нашите ракометари, кои Франција преку контра напади ги претвори во лесни погодоци.

На полувреме Французите заминаа со предност од 14-9, но на стартот на второто полувреме, Македонија преку Лазаревски, Велковски, Димитриоски, Кузмановски и Шилегов, успеа во два наврати да намали на по 3 гола разлика. Осум минути во второто полувреме резултатот беше 17-14 за Франција, кога почна долгата серија на францускиот состав која до крајот ја донесе убедливата победа. Во преостантите 22 минути до крајот на натпреварот, Македонија постигна само 3 гола, а Франција дури 16, за конечен висок триумф од 33-17.

Филип Талески со 4 голови (сите во првото полувреме) беше најдобар стрелец во нашиот тим, а Велковски додаде 3 гола. Лазаревски и Кузмановски додадоа по 2 погодоци, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Нелоски, Димитриоски, Шилегов, Петровски и Танкоски.

По овој пораз во четвртфиналето, нашите Младинци ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 позиција на Првенството. Утре е слободен ден, а следниот натпревар го играме во сабота против поразениот од мечот Данска – Русија. Последната средба на СП ја играме во недела и таа ќе го одреди конечниот пласман на Македонија на Мундијалот.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации