Младинците подобри од Русија за старт на СП

Младинците подобри од Русија за старт на СП

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) со исклучително значајна победа против Русија го почна настапот на Светското Првенство во Алжир. Избраниците на Иле Темелковски со пресврт во второто полувреме заслужено славеа триумф од 29-22.

Со одлична игра на двата краја од теренот, пред се во второто полувреме, нашата машка младинска репрезентација успешно го отвори Светското Првенство во Алжир. На почетокот од средбата предводени од расположениот Филип Кузмановски водевме со 2 гола разлика (8-6), сепак поголемиот број промашени чисти ситуации во нападот и дозволија на Русија да направи пресврт и на пауза да замине со предност од 11-10.

Во второто полувреме во еден момент имавме и највисока негатива од три голови (15-12), но избраниците на Иле Темелковски заиграа многу подобро во одбрана што резултираше и со доста контра напади и лесни голови кои го донесоа пресвртот. Мартин Томовски имаше неколку значајни интервенции во тој дел од средбата, а во нападот реализираа Талески, Арсеновски, Јагуриновски, Шилегов, Велковски и Палевски. Во 25-та минута Македонија веќе водеше со 5 голови разлика, за конечен и заслужен триумф од 29-22.

viber image

Филип Арсеновски со 7 погодоци заврши како прв стрелец во нашиот состав, Филип Кузмановски додаде 6 гола, а Томислав Јагуриновски беше стрелец на 5. По 4 погодоци постигнаа Талески и Палески, а во листата на стрелци се запишаа и Велковски со 2 и Нелоски со 1 гол. Мартин Томовски, според официјалната статистика, мечот го заврши со 8 одбрани.

Македонија со овој триумф се изедначи на врвот на табелата со Шпанија и Тунис кои во ова прво коло ги совладаа Бразил, односно Брукина Фасо. Следниот натпревар за нашите младинци е во четврток, а противник ќе ни биде Брукина Фасо во меч чиј почеток е закажан за 21:00 часот по македонско време.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на