Младинците ќе се борат за 7 место

Младинците ќе се борат за 7 место

Младинската машка репрезентација на Македонија ќе игра за 7 место на турнирот во Бугојно, откако во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место загубија од Србија со 29-24.
Нашите младинци одиграа променливо во теков на натпреварот бидејќи иако на моменти имаа негатива од неколку гола, секогаш успеваше да се врати во игра. Во 54 минута намалија на 23-25, но без сила за пресврт.
Во борба за 7 место младинците ќе играат со поразениот од дуелот БиХ – Словачка.

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 29:24 (15:12)

СРБИЈА: Јандриќ, Јуракиќ, Дамјановиќ 1, Буњевчевиќ, Кљајиќ 9, Ратковиќ, Максиќ 3, Куртеш 1, Мијатовиќ 2, Сунајко, Павловиќ 3, Ивановиќ, Стојановиќ 1, Леовац 1, Радовановиќ 1, Воркапиќ, Поповиќ, Потпара 7
МАКЕДОНИЈА: Трпевски, Велковски 5(1), Давитковски 1, Ставридис 4, Апостоловски, Кузмановски 6, Крстевски 4, Ончев, Огњановски, Левковски, Димовски, Палевски 1, Мичев, Маркудов 3, Арсеновски, Кизиќ

СЕМАФОР: 3:2 (6.) 6:2 (12.) 7:5 (15.) 10:6 (22.) 13:9 (27.) 15:15 (33.) 19:15 (38.) 20:17 (42.) 22:20 (48.) 25:23 (54.) 28:23 (59.)

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од

Известување до медиуми

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитирање на претставниците на медиумите за