Младинците и Кадетите заминаа за Унгарија на меѓународниот турнир во Балатонфуред

Младинците и Кадетите заминаа за Унгарија на меѓународниот турнир во Балатонфуред

Машките репрезентации на Македонија во Младинска и Кадетска конкуренција, синоќа заминаа за градот Балатонфуред во Унгарија, каде во периодот од 30 март до 4 април ќе одиграат вкупно 9 натпревари во рамки на меѓународниот турнир.

Овие турнири се во склоп на подготовките на двете репрезентации за ЕХФ Шампионатите што ги очекуваат летово во Скопје, односно Тбилиси. Под водство на селекторот Данило Брестовац, за Унгарија заминаа вкупно 32 ракометари, по 16 во двете репрезентации.

Младинска репрезентација на Македонија (до 20 години):
Патеј Петковски, Димитар Димитриоски, Иван Димитровски, Глигор Гајиќ, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Антонио Николовски, Стефан Атанасовски, Марио Кизиќ

Кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години):
Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Мартин Ивановски, Давид Даев, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Ненад Костески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Александар Стојков, Кристијан Симоновски, Андреј Митиќ, Ален Ќосевски

Распоред на натпревари:

Младинска конкуренција (до 20 години):
30.03.2018 (петок, 15:30) Македонија – Телеком Веспрем
31.03.2018 (сабота, 09:40) Ајка – Македонија
01.04.2018 (недела, 09:20) Бугарија – Македонија
02.04.2018 (понеделник, 13:30) Македонија – Бугарија

Кадетска конкуренција (до 18 години):
30.03.2018 (петок, 09:40) Залаегерсег – Македонија
30.03.2018 (петок, 14:20) Телеком Веспрем – Македонија
31.03.2018 (сабота, 15:00) Македонија – Залаегерсег
01.04.2018 (недела, 14:20) Македонија – Бугарија
02.04.2018 (понеделник, 11:20) Бугарија – Македонија

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести