Младинците и Кадетите на турнир во Унгарија. Брестовац ги објави списоците на повикани ракометари

Младинците и Кадетите на турнир во Унгарија. Брестовац ги објави списоците на повикани ракометари

Двете македонски машки репрезентации во младите категории (Младинска до 20 години и Кадетска до 18 години) на крајот на март и почетокот на април ќе настапат на меѓународен турнир во Унгарија, како подготовка за ЕХФ Шампионатите што летово ги очекуваат во Скопје, односно Тбилиси.

Првиот собир за двете репрезентации е закажан за 26 март, а селекторот Данило Брестовац на подготовките ги повика следниве ракометари:

Младинска репрезентација на Македонија (до 20 години):
Матеј Петковиќ, Глигор Гајиќ, Иван Димитровски, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Антонио Николовски, Стефан Атанасовски.

Кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години):
Марко Кизиќ, Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Христи Биковски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Какоски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Лука Благопетров, Александар Стојков, Кристијан Симоноски, Давид Даев, Андреј Митиќ.

* Напомена: Точното време на почеток на првиот собир и местото на одржување, дополнително ќе бидат објавени

Меѓународниот турнир во Унгарија ќе се игра во периодот од 29 март до 3 април, а покрај репрезентациите на Македонија, ќе настапат и репрезентацијата на Бугарија, Хапоел Ашдод од Израел, репрезентацијата на Националната Академија на Унгарија, Спортската Академија Елес, како и клубовите Веспрем, Пик Сегед, Чургои и Будимпешта меѓу останатите.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00