Младинците го освоија 8 место на турнирот во Бугојно

Младинците го освоија 8 место на турнирот во Бугојно

Младинската репрезентација на Македонија до 19 години го освои 8. место на турнирот во Бугојно, откако во последниот натпревар загуби од БиХ со 29-37.
По вторпат игравме против БиХ, и за разлика од првиот кога несреќно загубивме во последната секунда, овојпат домаќините беа подоминантни, особено во второто полувреме.
Најефикасен на натпреварот бил Владо Лончар со 11 гола, а во репрезентацијата на Македонија, Мартин Велковски постигна 6, а по четири гола Палевски, Мирчев и Ончев.
Македонија забележа пет пораза на пет меча, меѓутоа настапи без столбовите на оваа генерација, Филип Талески и Марко Нелоски, кои имаат клупски обврски со Металург.

 

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести