Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП

Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22.

Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија продолжи да ја зголемува предноста и на полувреме се замина со 16-8.

На средината на второто полувреме, во период во кој селекторот Темелковски повеќе ротираше со составот одморајќи ги првотимците, Полска успеа да намали на 6 гола негатива, но нашата репрезентација во ниту еден момент не дозволи да ја загуби контролата врз мечот. Рутинската завршница ги донесе конечните и заслужени 30-22 за Македонија.

Добрата тимска игра беше носител на триумфот на нашиот тим, во кој прв стрелец беше Мице Шилегов со 11 погодоци. Филип Талески постигна 5 голови, а стрелци на по 4 гола беа Марко Нелоски и Мартин Велковски. Одличен настап имаа и двајцата голмани Томовски и Даниловски.

По оваа прва победа, Македонија го дели првото место на табелата со селекцијата на Португалија, која денеска беше убедлива во дуелот со Турција. Утре во СРЦ „Кале“ ќе се одигра решавачкиот дуел за пласман на СП, во кој нашата репрезентација се среќава со Португалија. Натпреварот почнува од 17:45 часот.

sp-u21-rakomet-kvalifikacii-polska-makedonija-04-01-2017-6827

sp-u21-rakomet-kvalifikacii-polska-makedonija-04-01-2017-6832

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести