Младинската женска репрезентација со пораз на стартот на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска репрезентација со пораз на стартот на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023 кое се оддржува во Романија.

Денес во спортската сала Орас во Миовени во Романија, младинската репрезентација го оддигра првиот натпревар на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023 против репрезентацијата на Црна Гора, и запишавме пораз со резултат од 33:29.

Почетокот на натпреварот беше во корист на ракометарките од Црна Гора кои имаа константно водство од 2 до 3 погодоци, се до 12 -тата минута успеавме да го изедначиме резултатот на 8:8 со погодокот на Емилијана Ризоска, а веќе во следниот напад и да го превземеме водството на натпреварот преку Борјана Коцева. Сепак не успавме да го задржиме водството и резултатот на полувреме гласеше 19:16 за ракометарките на Црна Гора.

Во второто полувреме и покрај напорите на нашата младинска женска ракометна селекција за позитивен резултат, сепак не успаа да избегнат пораз на стартот на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023.

На крајот резултат беше 33:29 за Црна Гора, а од таборот на Црна Гора беше и најефикасниот играч на натпреварот со постигнати 10 погодоци а тоа беше Марковиќ Николина.

За нашата селекција најефикасни ракометарки беа Стефаноска Сара и Јанкулоска Марија кои постигнаа по 6 погодоци.

Младиките утре ќе го оддиграат вториот натпревар на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023 против репрезентацијата на Данска со почеток 16:30 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести