Македонските ракометни репрезентативки до 19 години се сместени во вториот „шешир“ за ждрепката за Европското првенство во Шпанија. По квалификациите кои се одржаа во Скопје и трите победи над Исланд, Холандија и над Црна Гора, нашите девојки го кренаа својот рејтинг и добија место во второто друштво по квалитет.
Во ист „шешир“ со Македонија ќе биде светскиот првак од ланското лето, репрезентацијата на Романија, потоа Норвешка и Данска. Носители, пак, се шампионот и вицешампионот од минатото ЕП во оваа категорија, Шведска и Русија и уште Данска и Португалија.
Ждрепката ќе се влече во Валенсија, на 5 мај, а ЕП е предвидено во периодот од 23 јули до 2 август.
Барабан 1: Шведска, Русија, Данска, Португалија
Барабан 2: Македонија, Романија, Норвешка, Хрватска
Барабан 3: Унгарија, Германија, Шпанија, Црна Гора
Барабан 4: Франција, Белорусија, Србија, Литванија