Младинките убедливи на стартот на Квалификациите за СП. Победен Израел со 41-17

Младинките убедливи на стартот на Квалификациите за СП. Победен Израел со 41-17

Македонската женска младинска репрезентација (У20) со висока победа од 24 гола разлика ги почна Квлификациите за пласман на Светското Првенство.

Избраничките на Симе Симовски водеа во текот на целиот натпревар против Израел и заслужено славеа убедлив триумф од 41-17. До полувремето на мечот игран во Плезир во Франција, Македонија веќе водеше со 22-5, по што во рутинската завршница немаше проблеми да ја задржи и зголеми предноста.

Најдобар стрелец во нашата репрезентација беше Сара Ристовска со 11 постигнати голови, а меѓу најпрецизните беа и Наташа Нолевска со 7, Сара Митова со 6 и Маја Каранфиловска со 5 погодоци. Симона Стојановска со постигна 3 гола, реализатори на по два гола беа Керамичиева, Гичевска и Мишевска, додека по еден гол постигнаа и Ѓорѓиоска, Бојаџиска и Ципушева.

Следниот натпревар од Квалификациите за Светското Првенство, нашите репрезентативки ќе го одиграат утре од 14:30 часот, а противник ќе биде Словенија. За крај на турнирот, нашиот состав во недела ќе се сретне со домаќинот Франција.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации