Младинките и Кадетките заедно на подготовки во Маврово

Младинките и Кадетките заедно на подготовки во Маврово

Селекторите на двете женски репрезентации на Македонија во младинските категории, Борче Марковски и Јулијана Дамчевска, ги објавија списоците на кои се наоѓаат 19, односно 18 повикани ракометарки за подготовките што почнувајќи од 6 јули ќе се одржуваат во Маврово.

Дамчевска ја подготвува својата Кадетска репрезентација (до 17 години) за настапот на ЕХФ Шампионатот што од 31 јули до 6 август ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје. Марковски пак, ќе работи со Младинките (до 19 години) кои ќе се натпреваруваат на Европското Првенство во Целје во Словенија во периодот од 27 јули до 6 август.

Поаѓањето на двете репрезентации за Маврово е предвидено за четврток (6 јули) од 08:30 часот од пред канцелариите на Ракометната Федерација на Македонија во Скопје.

Список на повикани ракометарки – Кадетска репрезентација (У17)

Список на повикани ракометарки – Младинска репрезентација (У19)

На ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје за ракометарки до 17 години, Македонија се наоѓа во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Најдобропласираната репрезентација во групата ќе обезбеди место во финалето.

На Европското Првенство до 19 години во Словенија, Македонија за противници во групата ќе ги има исклучително квалитетните Норвешка, Хрватска и Русија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на