Минимален пораз на Македонија на гостувањето против Исланд

Минимален пораз на Македонија на гостувањето против Исланд

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Рејкјавик против Исланд со 30-29 (полувреме 16-16), во четвртото коло од Квалификациите за ЕП 2018.

Нашите репрезентативци одржуваа благо водство во најголемиот дел од првото полувреме кое најмногу изнесуваше три голови (9-6; 10-7), сепак Исланд со серија од 6-1 стигна до пресврт пред крајот на полувремето и за прв пат поведе. Македонија брзо го врати ритамот и успеа да изедначи за на пауза да се замине со 16-16, но во ниту еден момент до крајот на средбата избраниците на Раул Гонзалес не дојдоа до ситуација повторно да го превземат водството.

Во текот на второто полувреме домашната селекција во Рејкјавик најмногу поведе со 4 голови разлика (26-22; 28-24), па и покрај тоа што Македонија пред крајот на натпреварот успеа да се врати и да намали на еден гол негатива, немаше време да дојде до бод од тешкото гостување, за конечни 30-29.

Капитенот Кирил Лазаров со 8 постигнати голови и на овој натпревар беше најдобар стрелец во нашата репрезентација. Дејан Манасков постигна 7 погодоци, стрелци на по 5 гола беа Миркуловски и Стоилов, а 3 голови постигна Филип Лазаров. Борко Ристовски имаше уште едно одлично издание на голот на нашата репрезентација, завршувајќи го мечот со 15 одбрани. Кај Исланд, Гудмундсон и Карасон беа најдобри стрелци со искомбинирани 13 голови.

По комплетирањето на четвртото коло од Квалификациите за пласман на ЕП 2018, сите четири репрезентации во нашата група имаат ист број на бодови. Последните две кола во кои Македонија најпрво гостува на Украина (15 јуни), а потоа ја пречекува Чешка (18 јуни), ќе решаваат за двајцата патници на Европското Првенство во Хрватска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00