Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска.
Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови.
Резултат по сетови:
Македонија – Чешка 16:22
Македонија – Чешка 8:20
Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше поразена со 2:0 во сетови.
Резултат:
Германија – Македонија 2:0
Репрезентацијата утре ќе го одигра својот последен натпревар на турнирот против домаќинот Полска.
Им посакуваме многу успех на селекторот г-дин Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците на претстојниот натпревар!









