Македонија заедно со Словенија и Црна Гора испрати заедничка кандидатура за организација на Женското сениорско ЕП во 2022 година

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора испрати заедничка кандидатура за организација на Женското сениорско ЕП во 2022 година

По истекот на рокот за доставување на писма со интерес на 1 септември, Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) денеска ги објави сите пристигнати кандидатури за Европските првенства во сениорска конкуренција во 2022 и 2024 година.

Македонија испрати заедничка кандидатура со Словенија и Црна Гора за организација на Европското Првенство во женска сениорска конкуренција во 2022 година, што ќе се игра во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година. Кандидатурата на Македонија, Словенија и Црна Гора е единствена за Првенството во 2022 година.

Во наредниот период ќе следуваат неколку фази за спроведување на кандидатурата, кои меѓу другото, содржат инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата. Конечната одлука за доделување на организацијата на Првенството ќе биде донесена на ЕХФ конгресот во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024