Македонија во група со Германија, Словенија и Црна Гора на ЕП 2018 во Хрватска

Македонија во група со Германија, Словенија и Црна Гора на ЕП 2018 во Хрватска

Сениорската машка репрезентација на Македонија ги доби противниците во првата групна фаза на ЕП 2018 што ќе се игра во јануари во Хрватска. Македонија ќе биде дел од групата Ц заедно со актуелниот европски шампион Германија, освојувачот на бронзениот медал од овогодинешното Светско Првенство – селекцијата на Словенија и репрезентацијата на Црна Гора.

Натпреварите во групата ќе се играат во Арена Загреб во главниот град на Хрватска која може да собере 18.600 гледачи. Избраниците на Раул Гонзалез, Првенството ќе го отворат со натпревар против Словенија на 13 јануари од 19:30 часот, два дена подоцна (15 јануари) од 20:30 часот противник ќе биде селекцијата на Црна Гора, додека во последниот натпреварувачки ден од првата фаза, на 17 јануари, во терминот од 18:10 часот ќе се сретнеме со Германија.

Првопласираните три репрезентации од нашата група ќе го продолжат натпреварувањето во втората групна фаза што ќе се игра во Вараждин, каде ќе се сретнат со најдобрите три селекции од групата Д каде ќе настапат Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија.

Мал дел од влезниците за одредени сектори во Загребската Арена се веќе пуштени во продажба од страна на организаторот, додека останатите сектори ќе се пуштат во продажба во текот на наредните месеци. Влезниците се продаваат и резервираат онлајн на овој линк.

За нашата сениорска машка репрезентација ова претставува петто Европско Првенство и четврто по ред, по учествата во Италија во 1998 година, Србија 2012, Данска 2014 и Полска 2016 година.

ЕП 2018 – Хрватска, групна фаза
Група А (Сплит): Хрватска, Шведска, Србија, Исланд
Група Б (Пореч): Франција, Белорусија, Норвешка, Австрија
Група Ц (Загреб): Германија, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Словенија
Група Д (Вараждин): Шпанија, Данска, Чешка, Унгарија

Распоред на натпревари, Група Ц
13.01.2018 (17.15) Германија – Црна Гора
13.01.2018 (19:30) Македонија – Словенија
15.01.2018 (18:10) Словенија – Германија
15.01.2018 (20:30) Црна Гора – Македонија
17.01.2018 (18:10) Германија – Македонија
17.01.2018 (20:30) Црна Гора – Словенија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести