Македонија против Исланд, Чешка и Украина во Квалификациите за ЕП 2018

Македонија против Исланд, Чешка и Украина во Квалификациите за ЕП 2018

Денеска во Дубровник, низ свечена церемонија извлечени беа групите за Квалификациите за Европското Првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска.

Македонија се најде во Групата 4, каде за противници ќе ги има Исланд, Чешка и Украина. Квалификациските натпревари ќе се играат во периодот од ноември 2016 до јуни 2017, а пласман на завршницата на Европското Првенство ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од секоја група, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација од сите групи заедно.

Квалификацискиот циклус го отвораме со натпревар на домашен терен на 2/3 ноември против Украина, а во периодот од 5 до 7 ноември ќе играме на гости против Чешка. Следуваат две средби по ред против Исланд на почетокот на мај, додека квалификациите се затвораат на средината на јуни, кога најпрво гостуваме на Украина а за крај ја пречекуваме Чешка.

Распоред на натпревари:
02/03.11.2016 Македонија – Украина
05-07.11.2016 Чешка – Македонија
03/04.05.2017 Македонија – Исланд
06/07.05.2017 Исланд – Македонија
14/15.06. 2017 Украина – Македонија
17/18.06.2017 Македонија – Чешка

Cf_hXSEW8AAXxpk

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,