Младинската машка репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз по ред во групната фаза на СП и ќе бара најмалку бод против Бразил во последното коло за пласман во осминафиналето.
Шпанците уште од самиот почеток го превземаа водството кое постојано во текот на натпреварот го зголемуваа. Големиот број загубени топки во напад на избраниците на Иле Темелковски им помогнаа на шпанските ракометари да поведат со 8 голови разлика во 20-та минута, а до полувремето да дојдат и до првото двоцифрено водство. Второто полувреме мина мирно во однос на резултатот, Шпанија го одржуваше водството за конечен триумф од 36-25.
Со овој втор пораз во групната фаза, Македонија се наоѓа на третото место на табелата зад Шпанија која има досега максимален учинок и Тунис кој има бод повеќе. Вечерва Бразил игра со Брукина Фасо, а утре во последното коло од групата, Македонија ќе бара најмалку бод против Бразил за осигурување на пласманот во осминафиналната фаза.