Македонија ќе биде организатор на ЕХФ Шампионат за мажи до 20 години во 2018 година

Македонија ќе биде организатор на ЕХФ Шампионат за мажи до 20 години во 2018 година

На состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, одредени беа домаќините на континенталните натпреварувања во младинските категории во машка конкуренција за 2018 година. Македонија, која во минатите години повеќепати се покажа како одличен организатор на вакви настани, повторно ја доби довербата од Европската Федерација.

Еден од двата ЕХФ Шампионати за ракометари до 20 години наредното лето (2018 година) ќе се игра во Скопје. Ова е официјализирано на состанокот што во петокот се одржа во Виена. Во истиот период, вториот ЕХФ Шампионат ќе се игра во Подгорица, додека Целје и Словенија ќе бидат организатори на Европското Првенство во таа младинска категорија. Точните термини дополнително ќе бидат прецизирани.

Ракометната Федерација на Македонија во последните неколку години редовно ја добива довербата за организација на континентални и светски собири од страна на ЕХФ, односно ИХФ. Летово во периодот од 31 јули до 6 август 2017, Македонија ќе биде организатор на ЕХФ Шампионат за кадетки (до 17 години), а турнирот ќе се игра во Скопје, поточно во СРЦ „Кале“. За летото 2019 година, на Македонија и Скопје им е доделена организацијата на Светското Првенство за кадети (до 18 години) од страна на ИХФ.

Во периодот од 2014 година, Македонија беше организатор и на Светско Првенство за кадетки, Европско Првенство за кадетки, Квалификации за Светско Првенство за јуниори и Квалификации за Европско Првенство за јуниорки. Поради добрата организација на овие настани, на минатогодишниот состанок на ИХФ, Македонија го доби престижното признание „Топ организатор“.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како