
Ракометниот клуб РК Јехона е формиран во 1990 година, како резултат на ентузијазмот и желбата на гостиварската средина да создаде стабилен и конкурентен машки ракометен клуб. Веќе во 1993 година, клубот се натпреварува во Првата лига на Македонија, што претставува значаен успех и потврда за брзиот развој на колективот во своите ранливи години.
Во текот на 90-тите и првите децении потоа, клубот поминал низ повеќе периоди на пауза и прекин во учеството во лигашките натпреварувања. Но, и покрај предизвиците, желбата за континуирана работа и развој никогаш не згаснала.
Нов подем започнува во 2018 година, кога клубот повторно ја формира својата сениорска екипа и ги поставува темелите на организираната работа преку отворање на школите за ракомет. Овој чекор се покажува пресуден за стабилноста и идниот развој на РК Јехона.
Во последните седум години, клубот постигнува континуитет и силна присутност во машкиот ракомет. Во шест сезони од овие седум, РК Јехона успешно се пласира во плеј-оф фазата, борејќи се за место во елитната македонска суперлига. Овој успесен континуитет го позиционира клубот како еден од најамбициозните и најорганизирани во регионот.
РК Јехона продолжува да расте со јасна визија, силна младинска база и стабилна структура, со цел трајно да се етаблира меѓу најдобрите ракометни клубови во Македонија.
РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Tab Content
Вардар Неготино е формиран во 2011 година од страна на ракометните работници Тоде Кузманов и Драган Сукара. Клубот не е директен наследник на некој стар тим, туку ново име со нов почеток.
Во почетокот клубот работеше само со пионери и со поддршка на осигурителната компанија “Кроација Осигурување” во 20 13 година Вардар Неготино официјално влезе во системот на натпревари под покровителство на Ракометната федерација на Македонија.
Од 2013 година почна и работата со кадетскиот тим а во 2016 гоодина клубот формира и сениорска екипа која почнува да се натпреварува во Прва лига во сезона 2017/2018 каде завршува како четвртопласирана.
После добри игри и пласман во Плеј-оф, Вардар Неготино во сезона 2021/2022 успеа да обезбеди пласман во Машка Супер лига на Македонија – со тоа се врати ракометот на повисоко ниво во Неготино по дваесетина години( последен настап на претходен клуб од Неготино беше Рк. Повардарие, негде околу 2002 година.
Преку годините, тренери на клубот биле повеќе лица меѓу кои:
Драган Сукара, Ратко Вељанов, Никола Филипов(Фујка), Зоран Виларов, Аце Станковски, Владимир Глигоров, Игор Котевски како и поранешни играчи кој влегоа во тренерските води.
Покрај сениорскиот и младинските екипи, клубот до 2020 година имаше и женска екипа која поради корона кризата веќе не функционира.
Покрај официјалните натпревари, Вардар Неготино организира и меморијален турнир – Меморијален турнир Илија Ѓорѓиев – Манџата каде покрај екипи од Македонија учество земаат и екипи од соседните држави.
Вардар Неготино е пример како со ентузијазам и воља може повторно да се оживее спортот во помалите градови.
Клубот не е директен продолжувач на старите тимови, но ја продолжува традицијата да дава шанса за ракомет на младите и возрасните, да носи спортска гордост на градот бидејќи Неготино го има еден од најстарите ракометни клубови во Македонија формиран 1950 година под името Антигонеа.
РК Овче Поле – ракометен клуб од Македонија со седиште во Свети Николе.
Познатиот ракометар и репрезентативец Кирил Лазаров ја започнал својата кариера во овој клуб.
Ракометниот клуб Овче Поле бил формиран во 1954 година, но тогаш само формално бидејќи сè уште не бил регистриран како клуб. Во 1955 година за првпат во Свети Николе имало регистриран ракометен клуб. Во тој период ракометниот клуб го носел името „Партизан Св. Николе“ и се натпреварувал во Штипската зона.
Откако почнал да се натпреварува ракометниот клуб Партизан од Св. Николе во Штипската зона веднаш по само една година натпреварување изборил пласман во повисока и поквалитетна лига.
Во 1961 година ракометниот клуб Партизан Св. Николе бил преименуван во „Овче Поле“. Во тој период од 1961 до 1974 година ракометниот клуб Овче Поле ја имал најдобрата екипа на сите времиња во клубот. А во таа екипа тогаш настапувале: Љупче Тошев како голман, а како играли биле Слободан Арсов, Стево Јорданов, Ангел Коцев, Илија Паужинков, Бранко Лазаров и Костадин Андонов. Од самиот почеток на ракометниот клуб односно од неговото формирање до 1974 година за прв и долгогодишен претседател бил Миле Панев.
Најголем успех на ракометниот клуб Овче Поле било играњето две сезони во Втората југословенска лига односно од 1988 до 1990 година.Во сезоната 2012/13, Овче Поле се пријавил во Челенџ Купот, но во третата рунда, Овче Поле службено го загубил двомечот.
Клубот бил основан и регистриран во 2000 година како РК Олимпик Аеродром и истиот се натпреварувал во Првата македонска женска лига, а потоа и во Супер женска лига. Во 2012 година клубот бил предаден во сопствеништво на Горан Стојков и Дарко Петровски и бил преименуван како Ракометен клуб Аеродром.
Во овој период клубот раководел со младински екипи. Во сезоната 2018/19, клубот пријавил сениорска екипа во Првата машка лига под спонзорското име ЦЕМС 2018. Но на крајот на септември 2018 година, спонзорот ЦЕМС се повлекол и клубот оттогаш настапувал под оригиналното име – Аеродром.