Репрезентацијата на Македонија за ракометарки до 17 години го освои второто место на пријателскиот турнир во Никшиќ, кој го организираше домашниот клуб Левалеа.
Нашите девојки забележаа две победи и двапати одиграа нерешено, што не беше доволно да се стигне првопласираниот Будуќност.
Репрезентацијата предводена од Јулија Црвенковска го совлада домашниот Левалеа и Младост, додека одиграа нерешено со Будуќност (15-15) и со Бар. На последниов меч нашата селекција имала предност од 10-6 на полувреме, сепак не успеала да победи.
За најдобар играч на турнирот е прогласена македонската репрезентативка, Јована Владева. Оваа наша селекција се подготвува за Европското првенство кое од 13 до 23 август ќе се одржува во Скопје.