Јуниорите одиграа нерешено во вториот натпревар против Хрватска

Јуниорите одиграа нерешено во вториот натпревар против Хрватска

Во одличен натпревар со максимално неизвесна завршница, Македонската јуниорска репрезентација (до 20 години) одигра нерешено 23-23 против Хрватска во втората пријателска средба што се одигра во Умаг во рамки на подготовките за ЕП 2016.

Предводена од одличниот Филип Арсеновски кој во првите 15 минути од натпреварот постигна 5 голови, нашата репрезентација го превзема водството кое го одржуваше во остатокот од првото полувреме. Се играше изедначено и со доста борба на двете страни, а Македонија замина на пауза со предност од 14-13.

Рано во второто полувреме, два гола во серија постигна Марко Нелоски со што Македонија поведе со 17-14, но иако имавме неколку изгледни шанси и посериозно да се одлепиме, промашените шутеви од чисти позиции дозволија Хрватите резултатски да се вратат. Во самата завршница, Хрватска водеше со 22-21 и 23-22, сепак реализациите на Талески и Велковски го изедначија резултатот за конечни 23-23.

Филип Арсеновски и Мартин Велковски одиграа одличен меч, постигнувајќи по 6 погодоци. Впечатлив настап на голот на нашата репрезентација имаше Никола Даниловски со 11 одбрани. Во листата на стрелци се запишаа уште Талески со 4 голови, Палевски и Нелоски кои постигнаа по 2, како и Танкоски, Кузмановски и Јагуриновски со по 1 гол.

Ова беше последен подготвителен натпревар за нашата репрезентација пред ЕП во Данска. Нашите јуниори ќе тренираат во Умаг уште два дена, а за среда рано изутрина од Загреб е предвидено заминувањето за Колдинг. На Европското Првенство, Македонија е во група со Норвешка, Данска и Холандија. Првиот натпревар против Норвешка го играме на 28 јули.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации