Јуниорите на чекор до врвот во Брашов. Јуниорките вечерва играат меч за финале

Јуниорите на чекор до врвот во Брашов. Јуниорките вечерва играат меч за финале

По исполнетите први три дена од турнирот во Романија, во кои македонските 5 јуниорски екипи одиграа вкупно 19 натпревари, денеска продолжуваат возбудувањата со нови средби во борбата за највисок пласман.

Две од трите екипи екипи до 18 години во машка конкуренција се наоѓаат во добра позиција за пласман на највисоките места. „А“ јуниорскиот состав, доколку слави во натпреварот против романскиот Фагараш, ќе го задржи максималниот учинок пред последниот ден од турнирот, а досега одлични настапи имаше и „Б“ тимот кој оствари три победи.

Синоќа, „А“ составот, одигра и еден дополнителен пријателски меч против 3 години повозрасниот Олимписки Универзитетски состав на Романија, во кој иако на крајот доживеа пораз, одигра одличен натпревар во кој водеше во текот на целото прво полувреме.

Девојките до 18 години, по досегашните 3 победи и 1 пораз, вечерва од 19:15 часот го играат клучниот меч против Хунедоара за пласман во финалето и можност да се реваншираат на Динамо Брашов за минималниот пораз во првото коло.

Квалитетни игри заклучно со третиот ден од Турнирот прикажаа и кадетите и кадетките (до 16 години), каде момците досега се со максимален учинок, додека девојките доживеаја еден пораз и тоа од силниот Корона Брашов за кого настапува Сориана Тирка, ракометарката која на Женското Европско Првенство У17 што минатата недела заврши во Скопје, го доби признанието за најдобар стрелец.

Во текот на денешниот претпоследен ден од турнирот, нашите екипи ќе одиграат 11 натпревари, додека за утре предвидени се и последните средби кои ќе го одредат конечниот пласман на екипите. Во недела од 17:00 часот ќе се одржи свечена церемонија на која ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите на турнирот.

Сите фотографии од турнирот можат да се најдат во галеријата.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на