Почитувани,
Ве известуваме дека Владата им препорачува на организаторите на спортските настани натпреварите согласно распоредот во националниот систем на натпревари на РФМ до 6ти Март 2020 година да се играат без публика.
Ве молиме да ја имате препораката во предвид согласно насоките од Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 27.02.2020 година, формиран врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.
Во прилог Ви го доставуваме и линкот со препораката од страна на Владата https: https://vlada.mk/node/20355.