Почитувани претставници на медиумите,
Ракометната Федерација на Македонија ве информира дека во вторник (9 јануари 2018 година) со почеток од 15:30 часот во просториите на Македонски Телеком во Скопје (Атриум Сала, 10 кат), ќе се одржи прес-конференција по повод соработката на Ракометната Федерација на Македонија и телекомуникацискиот оператор – Македонски Телеком и настапот на Македонската ракометна репрезентација на Европското Првенство – Хрватска 2018.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија