Во пресрет на квалификациите за пласман на Летните Олимписки игри Рио 2016, Ракометната Федерација на Македонија ангажираше стручен спортски психолог, кој ќе им биде на располагање на македонските репрезентативци во текот на претстојниов поготвителен период. РФМ деновиве ги заврши преговорите со еден од најеминентните спортски психолози во регионов, д-р Тања Кајтна, професор на катедрата за спорт при Универзитетот во Љубљана, актуелен Претседател на Здружението на слевенечки психолози и Координатор за спортска психологија при словенечкиот Олимписки комитет.
Проф. Кајтна е истакнат професионалец со врвни достигнувања во кариерата во делот на спортската психологија и публикувани научни истражувања со фокус на психолошкиот профил на тернери и спортисти во категоријата на високо-ризични спортови. Во улога на официјален психолог на словенечките репрезентативци, Проф. Кајтна се најде за време на Параолимписките игри во Пекинг 2008, како и за време на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.
Во насока на создавање максимално погодни услови за Македонските сениорски ракометни репрезентативци од секој аспект, непосредно пред квалификациите за ЛОИ 2016, Ракометната федерација го ангажираше и кинотерапевтот Димитар Андреев, кој ќе практикува научно засновани методи наменети за подобрување на мобилноста и истрајноста, какви што практикуваат врвните спортисти ширум светот.
Со ангажманот на двајцата горе-наведени професионалци, Ракометната Федерација на Македонија го комплетираше стручниот тим кој останува апсолутно фокусиран на ова комплетирање на ова значајно поглавје за македонскиот ракомет.
Милчо Чакарески
Спортски директор на машката сениорска
ракометна репрезентација