Информација

Информација

Почитувани,

Ве информираме дека на Седницата на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија која се одржа online на ден 12.02.2021 година беа донесени следните заклучоци/предлози:

  • Информација за системот на натпревари за натпреварувачка сезона 2020/2021 и Куп на Македонија;
  • Информација за план и програма за женска сениорска репрезентација за претстојниот квалификациски турнир (кој ќе се одржи во Скопје во период од 18-ти до 21-ви Март 2021 година) за обезбедување пласман за одигрување бараж за СП 2021 во Шпанија;
  • Информација за машка сениорска репрезентација и едногласно се усвои предлогот за назначување на г-дин Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација;
  • Се именува г-дин Александар Велковски да ја води Комисијата за лиценцирање при РФМ;

На Седницата на Управниот Одбор на РФМ одржана на ден 12.02.2021 година, предмет/тема на разговор не беше системот  на натпревари при РФМ по предлог доставен од клубови, истиот беше дискутиран на Собранието на РФМ кое се одржа на ден 31.01.2021 година  и беше конкретизиран рок до 15.03.20.21 година да се направи опсежна анализа и истата да биде доставена до членовите на УО на РФМ за разгледување.

До периодот наведен заклучно со 15.03.2021 година ќе се искомуницираат сите засегнати за предлогот доставен и дополнително ќе бидат организирани средби низ државата со членките на РФМ. Планираните средби/состаноци ќе бидат организирани во рамки на насоките односно мерките за заштита и превенција од вирусот CoVid-19. 

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

fullxxxvideos
fullxxxvideos
fullxxxvideos.cc
fullxxxvideos
fullxxxvideos

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести