Ѓорче Петров ЖРК освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција

Ѓорче Петров ЖРК освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција

Во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалната средба, Ѓорче Петров ЖРК ја совлада екипата на ЖРК Чаир Скопје со 36-24 на полувреме 19:14 и се закити со златниот медал.

Претходно во полуфиналниот натпревар екипата на Ѓорче Петров ЖРК славеа против Жрк Куманово со резултат 14:31, а во вторниот полуфинален натпревар ЖРК Чаир Скопје беа поуспешни од екипата на ЖРК Вардар со резултат 28:32.

На церемонијата што се одржа по завршувањето на финалето, пехарот го додели Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов, а индивидуалните награди беа доделени од Генереалниот секретар, г-дин Филип Милошевски.

Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров ЖРК)
Најдобар стрелец: Леонора Рахмани (ЖРК Чаир Скопје)
Најдобар голман: Магдалена Којовиќ (ЖРК Чаир Скопје)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за