Репрезентативците и членовите на стручниот штаб, утрово го искористија за кратка прошетка по плажата на Балтичкото море, која се наоѓа во непосредна близина на хотелот во Гдањск во кој престојуваат.
Во пресрет на одлучувачкиот натпревар за пласман на Олимписките Игри против Тунис вечерва, нашата репрезентација ги искористи убавото време и убавата природа за задржување на фокусот и насочување на мислите кон големиот предизвик. Во текот на прошетката, беа поздравени и од случајни минувачи, кои им искажаа поддршка и им посакаа среќен и успешен настап на нашите репрезентативци вечерва против Тунис.
Натпреварот против Тунис во ЕРГО Арената почнува од 18:00 часот.