(Фото) Отворен Фан Шоп на Македонската ракометна репрезентација

Во склоп на продавницата за спортска опрема „Д“ што се наоѓа во просториите под Јужната трибина на „Телеком“ арената во Скопје, отворен е Фан Шоп на Македонската ракометна репрезентација.

На отворањето на продавницата присутни беа поголем број репрезентативци, репрезентативки, членови на стручниот штаб, голем број ракометни работници од нашата земја, како и челниците на Македонската Ракометна Федерација предводени од Претседателот Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски.

Во Фан Шопот може да се најде оригиналната опрема на Македонската репрезентација од производителот „Хумел“. Повеќе информации поврзани со Фан Шопот на: https://www.facebook.com/Dsportskaoprema

 

fan-shop8-mukaetov1-i-mojso001 002 003 005 006 007

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести