Фото: Младинците пристигнаа во Доха. Вечерва првата пријателска со Катар

Фото: Младинците пристигнаа во Доха. Вечерва првата пријателска со Катар

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) од вчера е во Доха каде утрово го одработи и првиот тренинг пред двете пријателски средби со домаќинот Катар.

Селекторот Иле Темелковски на располагање ќе има 16 ракометари кои против Катар ја работат последната фаза од подготовките за настап на Светското Првенство во Алжир. Првата од двете подготвителни средби со Катар се игра вечерва од 18:00 часот, а вториот натпревар е предвиден за утре од истиот термин.

Младинската репрезентација на Македонија настапот на Светското Првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.

viber image viber image2 viber image3

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен