Червар го скрати списокот. Првиот собир на 30 октомври

Червар го скрати списокот. Првиот собир на 30 октомври

Селекторот на Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари што ги повика за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП Хрватска 2018.

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во хотелот Парк СПА во Скопје на 30 октомври 2016 (недела) со почеток од 16:30 часот. Червар за првиот собир повика 21 ракометар.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Дополнување: Ракометарот на РК Пролет 62 од Скопје, Ласко Андоновски е дополнително повикан од селекторот Лино Червар да присуствува на првиот собир на репрезентацијата.

Првиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 нашата репрезентација ќе го одигра на 2 ноември во Скопје против Украина, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00