Селекторот на Македонската машка ракометна репрезентација, Лино Червар, денеска објави список со 28 ракометари кои ги повика за подготовките за бараж натпреварите за Светското Првенство против Чешка.
Македонската машка ракометна репрезентација, првиот натпревар од баражот го игра на 11 јуни во Злин, додека реваншот ќе се одигра на 15 јуни во Скопје. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското Првенство во Франција во 2017 година.