Брестовац повика 18 ракометари за собир на Кадетската репрезентација

Брестовац повика 18 ракометари за собир на Кадетската репрезентација

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години), Данило Брестовац, го објави списокот од 18 ракометари на кои ќе смета за собирот за подготовки за настап на ЕХФ Шампионатот 2018.

Според планот на подоготовки, на нашите кадети им претстои најпрво гостување во Унгарија каде ќе одиграат две средби со домашната репрезентација и еден натпревар со Јужна Кореја, а потоа ќе настапат и на турнир во Романија каде ќе се сретнат со Холандија, Италија и Романија. По овие натпревари, ќе продолжат подготовките за ЕХФ Шампионатот што во август ќе се игра во Тбилиси во Грузија.

Список на повикани ракометари за собир:

Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Какоски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Васе Наков, Кристијан Анѓелковски, Бојан Солев

Собирот ќе се одржи во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје на 16 јуни со почеток од 10:00 часот.

Зачестените подготовки и меѓународни турнири за оваа репрезентација, покрај тоа што се дел од подготовките за ЕХФ Шампионатот 2018 година, влегуваат и во неколку-годишниот проект за подготовка на младите ракометари за настап на Кадетското Светско Првенство што наредното лето ќе се игра во Скопје.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на