Борко Ристовски се враќа на голот на Македонската репрезентација

Борко Ристовски се враќа на голот на Македонската репрезентација

Голманот со најголем број на настапи за Македонската машка ракометна репрезентација, по отсуството од Светското Првенство во Франција 2017, повторно ќе го облече националниот дрес и ќе им помогне на репрезентативните колеги во продолжението од Квалификациите за ЕП 2018 година.

Борко Ристовски кој од претходниот селектор беше изоставен од националниот состав, повторно е повикан во репрезентацијата од новиот селектор, Раул Гонзалес. По разговорите со селекторот и со раководните луѓе на РФМ, во кои као заедничка цел е потенциран успехот на македонскиот ракомет, Ристовски прифати да се врати во репрезентативниот состав и да и помогне на македонската репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

34-годишниот голман на РК Барселона е меѓу петте ракометари со најголем број настапи во Македонскиот национален состав на официјални натпревари. Ристовски повторно ќе се приклучи на националниот тим во подготовките за двата натпревари против Исланд, кои се од исклучителна важност за пласман на ЕП во Хрватска.

Македонија, Исланд, Чешка и Украина во групата имаат по два освоени бода од две досега одиграни кола. Првиот меч против Исланд се игра во Скопје на 4 мај, додека втората средба во Рејкјавик е закажана за 7 мај. До крајот на Квалификациите за ЕП, Македонија ќе игра уште против Украина на гостински терен и против Чешка дома, во натпревари кои ќе се одиграат на средината на јуни.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Во рамки на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација