Хасан Мустафа му го честиташе реизборот на Живко Мукаетов за Претседател на РФМ

Хасан Мустафа му го честиташе реизборот на Живко Мукаетов за Претседател на РФМ

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, со официјално писмо испратено до Ракометната Федерација на Македонија, му го честиташе новиот четиригодишен мандат на Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Со верба во продолжувањето на напредокот на ракометот во Македонија, Мустафа и посака голем успех на нашата Федерација, со искрени честитки упатени до Претседателот Живко Мукаетов и до Генералниот Секретар Филип Милошевски.

На Изборното Собрание на РФМ што се одржа во вторникот, Мукаетов едногласно ја доби довербата од членките на Собранието за да ја предводи Федерацијата и во наредните четири години.

Capture

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024