Квалификацискиот натпревар за ЕП 2018 помеѓу Македонија и Украина ќе се одигра во ВИП Арена „Борис Трајковски“ на 2 ноември (среда) со почеток од 18:30 часот. Продажбата на влезниците за овој натпревар ќе почне од понеделник (24 октомври) во продажната мрежа на МК Тикетс.
Влезниците ќе се продаваат по цена од 50 денари (горни трибини) и 100 денари (долни трибини – партер) и ќе може да се набават на следните продажни места:
– Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална сала, Нептун (стадион), Нептун (City Mall), Нептун (Аеродром)
– Охрид: New Tobacco
– Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани, Штип и Прилеп.
Влезници за натпреварот Македонија – Украина ќе може да се резервираат и online на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина ќе го отвори квалификацискиот циклус за ЕП 2018 година што ќе се игра во Хрватска. Во нашата квалификациска група се наоѓаат уште селекциите на Исланд и Чешка.