Кадетите вечерва заминуваат за Бугарија на ЕХФ Шампионат

Кадетите вечерва заминуваат за Бугарија на ЕХФ Шампионат

Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 18 години) вечерва по полноќ заминува за Бугарија, каде во периодот од 15 до 21 август ќе настапи на ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Варна и Камчиа.

На ЕХФ Шампионатот, на кој ќе настапат уште 10 репрезентации, избраниците на Иле Темелковски се во група со Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар, додека во другата група ќе играат Турција, Финска, Луксембург, Фарски Острови и домаќинот Бугарија. Натпреварите од групата во која се наоѓа Македонија ќе се играат во Камчиа.

Нашата репрезентација пред стартот на Шампионатот, поточно на 13 и 14 август ќе одигра два подготвителни натпревари со домашната репрезентација на Бугарија, а Шампионатот го почнуваме со дуел против Кипар на 15 август од 15:00 часот по локално време (14:00 часот по македонско време).

Распоред на натпревари (по македонско време):
15.08. (14:00) Македонија – Кипар
16.08. (14:00) Македонија – Ерменија
17.08. (16:00) Македонија – Украина
19.08. (14:00) Македонија – Косово
20.08. (18:00) Македонија – Унгарија
21.08. Натпревар за пласман

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024