Македонската машка репрезентација до 18 години, со победа над Катар од 29-28 го заврши силниот меѓународен турнир во Бугојно на петтото место.
Нашите репрезентативци во последниот натпревар постојано се наоѓаа во водство и заслужено стигнаа до втор триумф против катарскиот состав, откако претходно го совладаа и во групната фаза. Покрај победите над Катар, Македонија порано на турнирот славеше и против Австрија (27-24), а загубија од Полска и Хрватска. Хрватите подоцна го освоија турнирот, токму со победа над Полска во финалето.
За Македонија ова беше веќе трето учество на турнирот во Бугојно, БиХ, кој од година во година го унапредува квалитетот и на кој годинава настапија некои од најсилните европски, но и светски селекции во оваа младинска категорија. Учеството на турнирот за нашите ракометни таленти претставува значајно искуство пред настапите на офицјалните Европски и Светски Првенства.